ЗЕМЈОДЕЛСТВО, СТОЧАРСТВО И ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

ЗК Пелагонија ад Битола е водечка компанија во рамките на агробизнисот во Република Македонија. Основна дејнст на Друштвото е примарно земјоделско производство на нивски култури како што се  пченица , јачмен , маслена репа , сончоглед, пченка зрно, пченка силажа и друго, одгледување на крупен добиток ,сточарско производство, рибарство, градинарсто и овоштарство. Во својата производна дејност вклучува производство и доработка на сертифициран семенски матерјал од житни, индустриски и фуражни култури и производство на концентрати за сите категории на говеда. Високото ниво на техничко-технолошко знаење контунуираното подобрување на квалитетот и квантитетот на млечното  производството , воведувањето на нови сорти и високоприносни хибриди ,  придонесуваат за зајакнување на  позицијата на Друштвото на домашниот пазар и отворање на простор за освојување на странски пазари во регионот.

Основна дејност во “Жито Полог” АД – Тетово опфаќа производство на мелнички и пекарски производи, тестенини и јајца. Поседува сместувачки капацитети за житни култури, има сопствена малопродажна мрежа и специјализиран погон за добиточна храна за задоволување на потребите на Живинарската фарма. Во чекор со актуелните движења на пазарот, следејќи ги барањата и се попрефинетиот вкус на потрошувачите, АД”Жито Полог” е исклучиво ориентирана кон финализирање на максимално квалитетни производи. Тоа се постигнува со добра техничка опременост на производните капацитети, подготвени постојано да го следат развојот на современата технологија, дополнителна едукација на професионалниот кадар како и севкупното раководење на менаџерскиот тим.
Производството и дистрибуцијата се одвиваат при имплементиран HACCP систем, согласно законските барања на РМ, кој гарантира безбеденост на нашите производи по здравјето на потрошувачите.

Млекара Здравје Радово започна со работа во с. Радово во почетокот на 2002 година, во еколошки чиста средина која го опфаќа пределот помеѓу планините Огражден и Беласица, на 10 км. оддалеченост од Струмица. Од почетокот до денес, забележлив е континуиран развој во производствената програма, раст на бројот на производи и бројот на вработени.Со постојана работа и воведување на нови производи, проширен е асортиманот кој на почетокот го сочинуваа само десетина производи. Целокупната продажба и дистрибуција на производите се одвива во и од магацинот во Скопје, каде се наоѓа и дирекцијата на компанијата. Со дистрибуција се опфатени сите градови и населени места во Република Македонија. Истата се одвива со возила од сопствениот возен парк.

ПЕЛАГОНИЈА ВЕТ e ветеринарен центар кој работи во склоп  на Земјоделскиот Комбинат ПЕЛАГОНИЈА. Компанијата дава гаранција и прави перманентна контрола на здравствената состојба на стадата, како битен фактор на сточарското производство.

Земјоделство Сточарство и Прехранбена Индустрија

Земјоделство Сточарство и Прехранбена Индустрија

Градежништво

Градежништво

Инвестирање

Инвестирање

Спорт

Спорт

 Банкарство

Банкарство

 Нафтена Индустрија

Нафтена Индустрија

 Енергетика

Енергетика

Транспорт

Транспорт