Best Way Investment ги помага децата поддржани од СОС Детско село.
![](http://bestway.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/sos-image-1-715x340.jpg)
СОС Детско село веќе 19 години посветено работи со и за децата кои ја загубиле, или се во ризик од губење на родителската грижа. Стремежот на СОС Детско село „Ниту едно дете не треба да расте само“ може да стане реалност само со помош на добрите луѓе.
Визијата и мисијата на СОС Детско село целосно се поклопува со основниот принцип на работа на Best Way Investment ДООЕЛ чија основна цел е градење на вредности кои траат.
Децата се нашата иднина и не постои поголема вредност од вложувањето во нив. Децата во ризик, заслужуваат исти услови за учење и развој како и останатите.
Затоа Best Way Investment обезбеди компјутери кои ги донираше на СОС Детско село.
Задоволството и насмевките на лицата на децата поддржани од СОС Детско село се и задоволство на сите вработени во компанијата.
![](http://bestway.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/3-sos-detsko-selo-bwi-1024x768.jpeg)