Порака од основачот

Кога верувате во вашиот талент, целосна посветеност и правилно управување, се трасирате на патот кој ќе ви помогне да ги откриете компонентите на успехот. БВИ се базира на овие принципи. Ова е само почеток на тоа како ја започнав компанијата што ме води кон долгорочен раст и константна еволуција во деловната сфера.

Како една од најважните движечки сили во развојот на модерното општество, претприемачките корпорации станаа столб на заедниците на кои припаѓаат.

Вредностите на нашата корпорација лежат во среќата на нашите вработени и почитта кон нашите клиенти. Целта е да се предвидат претприемачки идеи и амбиции кои можат да се извршат на долг рок. Нашите основни вредности како фокус на клиенти, исполнување на обврските, едноставност, тимска работа и доверба меѓу луѓето се воспоставени во секој од вработените. Тоа ни помогна да ја ‘заработиме’ нивната непоколеблива поддршка во текот на годините.

BWI е патување кое започна со сон што го водеше компетентен тим од професионалци кои ни даваат вештини, ширина и способност да успееме.

Истражувањето на заедничките можности е една од многуте причини поради кои сме позиционирани за понатамошен раст.

Ако ја делиме истата деловна филозофија, веќе сме во очекување да се запознаеме со вас.


Јордан Мијалков
Основач и Извршен Директор на БВИ