ОМ Петрол доби признание од американскиот универзитет во Скопје

02/12/2019

Нашата компанија ОМ Петрол повеќе три години редовно инвестира во младите и нивниот образовен развој. За таа цел управата на американскиот универзитет во Скопје реши да и додели признание на компанијата ОМ Петрол за постојана посветеност во образованието.

Наградата му беше врачена на основачот на Бест Веј Инвестмент, Јордан Мијалков.

“Од особен интерес за нас и за нашето општество е да се биде поддршка на талентираните студенти, сè со цел своето знаење и вештини да ги инвестираат во нашите компании а со тоа и во нашата држава.” – додаде Јордан.

Имено, Бест Веј Инвестмент како групација, заедно со останатите компании ќе даде се од себе за да се продолжи со оваа благородна традиција и во иднина.