ОМ Петрол е прогласена за една меѓу најбрзорастечките компании!

02/09/2019

Оваа година Омпетрол Оил е прогласена за една меѓу најбрзорастечките компании во Северна Македонија. На компанијата истотака и беше официјално доделен сертификатот за Бизнис Лидер, од страна на веб страната Аналитика.

Компанијата се вбројува помеѓу 2% најбрзо растечки компании во државава според Аналитика.мк. Ом Петрол ги задоволува минималните критериуми за раст на вкупните приходи над 15% на годишно ниво за најмалку две фискални години.

Од менаџментот на компанијата изјавија дека главниот фокус е безбедно да ја водат компанијата кон поголеми успеси на државно и регионално ниво.