За нашата компанија

Best Way Investment ДООЕЛ е компанија основана во 2015-та година со седиште во Скопје, Република Северна Македонија.

Со секоја инвестиција следи долготрајна вредност.

Главниот фокус се оддава на основните области на BWI, а тоа се нафтата, угостителството и хотелиерството, игрите на среќа, транспортот и развојот на инфраструктурата. Нашата компанија се занимава со инвестиции поврзани за широка потрошувачка, финансиски услуги и проекти за недвижнини. Секоја инвестиција е темелно истражена и има долгорочна важност и квалитет.

Ние сме иновативна компанија која се грижи, и истовремено ја почитува историјата и вредностите на квалитетот утврдени од нашите клиенти. Токму поради истоимените причини може да се утврди зошто нашиот фокус е секогаш на надградба и усовршување на нашите заеднички вредности. Знаеме дека вистинската вредност произлегува од развивањето на заедничка соработка и партнерства, преку супериорни практики за управување (менаџмент). Нашиот патоказ е искуството, а спецификациите за работа се нашите ‘знаци на патот’ за постојано унапредување на компанијата.

Заедно симболизираме и создаваме бренд со трајни вредности.